Премиерот Јилдирим отпатува во посета на Белорусија

Премиерот Јилдирим ќе земе учество ина турско-белорускиот деловен форум, а ќе ја посети џамијата во Минск изградена со средства на Турција.

Премиерот Јилдирим отпатува во посета на Белорусија

Премиерот Бинали Јилдирим отпатува во официјална посета на Белорусија.

Јилдирим ќе оствари средба со својот домаќин премиерот Андреј Кобјаков.

Инаку посетата на Јилдирим на Минск е прва посета на еден турски премиер на оваа земја.

Во билатералните разговори Јилдирим-Кобјаков се очекува да се најдат прашања посветени на билатералните односи, како и актуелни и регионални прашања.

Посетата исто така ќе биде искористена за потпишување на низа договори за соработка меѓу Турција и Белорусија.

Јилдирим се очекува да биде примен и од претседателот на Украина Александар Лукашенко.

Премиерот Јилдирим ќе земе учество и на турско-белорускиот деловен форум, а ќе ја посети џамијата во Минск изградена со средства на Турција.

 

 



Слични вести