ТВС уништија 8 цели на терористите

Продолжуваат операциите за уништување на целите на сепаратистичко-терористичката организација на северот на Ирак

ТВС уништија 8 цели на терористите

Турските вооружени сили (ТВС) во воздушната операција на северот на Ирак уништија 8 терористички цели меѓу кои засолништа, прибежишта и оружени позиции.

Според писменото соопштение на Генералштабот, продолжуваат операциите за уништување на целите на сепаратистичко-терористичката организација на северот на Ирак.

Во тие рамки, со посредство на извидничките и набљудувачки средства во Синат-Хафтанин, Метина, Гара, Авашин и Басјан денес беше извршен воздушен напад на приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација кои се подготвуваа за напади врз караулите и контролните пунктови.

Во рамките на операцијата беа уништени 8 цели меѓу кои засолништа, прибежишта и оружени позиции, кои се користеа од страна на сепаратистичко-терористичката организација.

Авионите кои учествуваа во операцијата, безбедно се вратија во базите.

ТВС извршија напади врз приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација кои се подготвуваа за напади врз подрачјето Синат-Хафтанин на северот на Ирак, во кои беа уништени 16 цели меѓу кои засолништа, прибежишта и оружени позиции.



Слични вести