Актуелно 10-2018

Африканската политика на Турција

Актуелно 10-2018

Перцепцијата за мултилатералната надворешна политика на Турција ги прошири тензиите за остварување нови хоризонти кон Африка. Во рамките на африканската политика на Турција, беа остварени низа значајни хуманитарни активности, беа развиени дипломатските односи и земјава се стекна со стратешки придобивки. Воспоставувањето односи со африканските земји кои се базираат на заеднички придобивки, а не на колонијализам, е една од основните причини за успехот на Турција што го постигна во Африка. Секако дека голема е и улогата на посетите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Алжир, Мавританија, Сенегал и Мали кои исто така претставуваат значаен чекор напред на патот за унапредување и развој на економската и стратешка соработка.

Во врска со денешната тема на програмава ви го пренесуваме коментарот на истражувачот и публицистот Џан Аџун од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА) кој вели.

Обемот на трговската размена на Турција со Африка во последните 15 години со пораст од 6 пати се зголеми на 17,5 милијарди долари. Директните турски инвестиции во Африка во 2003 година изнесуваа околу 100 милиони долари, додека оваа бројка во 2017 година се приближи до 6,5 милијарди долари. Само во рамките на последната посета на претседателот Ердоган на Африка беа потпишани низа значајни договори за економска соработка. Меѓудругото, за унапредување и развој на обемот на трговската размена меѓу земјите беа определени и утврдени нови цели. На пример, по достигнувањето на обемот на трговската размена меѓу Сенегал и Турција од 250 милиони долари, беше утврдена новата цел од 400 милиони долари.

Турција наспроти империјалистичката и колонијална политика на Западните земји, политиката кон Африка ја заснова на принципот „заработи заработи“. Претседателот Ердоган во рамките на посетата на Алжир, на прашањето на еден алжирски новинар: „Дали Турција на Алжир сметаше како на колонија? мислејќи на Османлиите“, одговори: Да беше така, денес ова прашање не ќе можеше да ми го поставиш на француски, туку ќе го поставеше на турски. Одговорот на Ердоган претставува кратко резиме на различниот приод на Турција кон Африка во споредба со оној на Запад.

Еден друг значаен фактор кој лежи во основата на успешната политика на Турција кон Африка е хуманитарната дипломатија. Имено Турција е земја која реализираше најголема хуманитарна помош од аспект на стапката на националниот приход во споредба со другите земји во светот, кој настан претставува значаен показател за значењето што го придава Турција на хуманитарната надворешна политика. Турција како земја која што презема активна улога во борбата против гладта, сушата и сиромаштијата, исто така помага на настраданите и повредените во војните.

Госпоѓа Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во една прилика накратко ја резимира хуманитарната надворешна политика на Турција. „Сушата можеби е судбината на Африка. Но смртта од глад не е судбина. Масовните смртни случаи не се судбина. Колку што светот и меѓународните организации се принудени да преземат иницијативи за постигнување политичка стабилност во Африка, исто така сме принудени да им влееме и самодоверба на африканските народи“.

Освен хуманитарната помош на Турција во рамките на политиката кон Африка, исто така и Генералштабот, министерствата за економија, развој, образование, државниот трезор, Управата за изградба на станбени објекти (ТОКИ), Управата за елементарни непогоди и итни состојби при владата (АФАД), Установата за доделување стипендии и студентски домови, Турската хуманитарна организација Црвена полумесечина, Управата за Турците во странство и роднински заедници како и Фондацијата и институтот Јунус Емре преземаат значајна улога во помошта и поддршката на африканските земји. Освен наведените турски организации и установи, исто така и невладините организации удрија силен белег во остварувањето на низа проекти во Африка. Секој изминат ден се повеќе зајакнуваат односите меѓу Турција и народите на африканските земји.

Од друга страна пак, Турција постепено станува се позначаен актер во економијата на Африка, особено во градежниот сектор. Турските градежни компании реализираат градби во низа африкански земји. Впрочем и претседателот Ердоган во рамките на посетата на Африка посети некои градилишта на турските градежни компании.

Едно друго значајно прашање на Турција во политиката кон Африка се училиштата и установите на Фетулахистичката терористичка организација. Како резултат на добрите односи што ги развива Турција со африканските земји, постепено се затвораат овие училишта и се пренесуваат на фондацијата Маариф. Денес фондацијата Маариф со 88 училишта во Тунис, Танзанија, Судан, Сомалија, Сиера Леоне, Сао Томе и Принсипе, Сенегал, Нигер, Мавританија, Мали, Република Конго, Гвинеја, Гамбија, Чад и Џибути пружа едукација на децата во Африка.

Тоа беше коментарот на истражувачот и публицистот Џан Аџун од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА) посветен на турската политика кон Африка.



Слични вести