Вчера Ердоган го прими Столтенберг

Ердоган и Столтенберг разменија мислења во врска со односите меѓу Турција и НАТО и сириското прашање

Вчера Ердоган го прими Столтенберг

Вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој престојува во официјална посета на Анкара.

Претседателот Ердоган и генералниот секретар Столтенберг разменија мислења во врска со односите меѓу Турција и НАТО, регионалните прашања со акцент на Сирија, потребата за меѓусебна солидарност на земјите членки на НАТО и решителност во борбата против тероризмот.

Столтенберг во оваа прилика уште еднаш потенцираше на значењето на Турција како стратешки сојузник на алијансата, а исто така го информираше претседателот Ердоган за претстојниот Самит на НАТО кој се планира да се одржи во јули во Брисел.

Ердоган и Столтенберг на средбата разменија мислења во врска со заедничката воздушна операција на САД, Англија и Франција која ја остварија во саботата, по нападот со хемиско оружје на сирискиот режим на Дума што го изврши на 7 април како и борбата против тероризмот.

Во тие рамки беше подвлечено на значењето на солидарноста меѓу сите земји членки на НАТО и решителноста во борбата против тероризмот.



Слични вести