Веста за предвремени избори во Турција наиде на широк одек и во странските медиуми

Изјавата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган дека предвремените претседателски и парламентарни избори ќе се одржат на 24 јуни 2018 година наиде на широк одек и во странските средства за информирање

Веста за предвремени избори во Турција наиде на широк одек и во странските медиуми

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган веднаш откако соопшти дека предвремените претседателски и парламентарни избори ќе се одржат на 24 јуни 2018 година оваа негова изјава наиде на широк одек и во странските медиуми.

Француската новинска агенција АФП изјавата на претседателот Ердоган ја објави како најнова вест преку социјалните мрежи.

Британската новинска агенција Ројтерс оваа вест ја соопшти со следните зборови: „Претседателот Ердоган потсети дека Партијата за правда и развој (АК Партијата) и Партијата за националистичко движење (МХП) ќе одат заедно на избори и сооптши дека изборите ќе се одржат на 24 јуни 2018 година.“

Американски CNN веста ја објави како најнова вест и сооптши дека Ердоган парламентарните и претседателските избори ги помести за една година нанапред од закажаниот датум. 

Во веста на интернет страницата на британскиот весник Гвардијан се вели дека претседателот Ердоган соопшти дека датумот на изборите е повлечен за една година нанапред за 24 јуни дека итно треба да се комплетира процесот на премин.

Сервисот на турски јазик на британскиот информативен орган BBC информираше во живо од Анкара и во својата вест го истакна насловот: „Предвремени избори во 2018: Турција на 24 јуни оди на избори.“

Германската новинска агенција ДПА соопшти дека турскиот претседател Ердоган повика да се одржат предвремени избори и дека веројатно датумот на нивно одржување ќе биде 24 јуни. 

Германскиот телевизиски канал ЗДФ изјавата на Ердоган ја објави како најнова вест и потсети дека Ердоган датумот за избори го помести на 24 јуни. ЗДФ потсети дека изборите беа закажани за ноември 2019 година.



Слични вести