Коментари и изјави од опозицијата за предврмените избори на 24 април 2018

Во врска со вчерашната изјава на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој соопшти дека предвремените претседателски и парламентарни избори ќе се одржат на 24 јуни оваа година пристигнаа коментари и изјави и од опозиционите партии во земјата

Коментари и изјави од опозицијата за предврмените избори на 24 април 2018

Во Турција на 24 јуни 2018 година ќе се одржат двојни избори.

Во врска со вчерашната изјава на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој соопшти дека предвремените претседателски и парламентарни избори ќе се одржат на 24 јуни оваа година пристигнаа коментари и изјави и од опозиционите партии во земјата.

Потпретседателот и портпарол на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Булент Тезџан истакна дека неговата партија е подготвена за избори. 

Тезџан рече: „Ние не бегаме од избори. Повикуваме на мегдан.“

Претседателот на опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели во пораката што ја сподели преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Нашиот кандидат за претседател е господинот Реџеп Тајјип Ердоган.“

Девлет Бахчели во својата објава на твитер истакна дека одржувањето на избори во демократиите претставува полвод за фокусирање на копнежот и целите за во иднина, со нова обнова, ентузијазам и воздуба. 

Претседателката на Добрата партија (ИЈИ Партија) изјави дека не постојат извесни проблеми во врска со учеството на нејзината апртија на изборите и рече дека со собирање на 100 илјади потписи ќе се кандидира за претседател на државата.



Слични вести