Ердоган го прими Махмуд Ваизи

Турција и Иран во трговијата ќе почнат со употреба на анционалните валути

Ердоган го прими Махмуд Ваизи

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими Махмуд Ваизи, специјалниот претставник на иранскиот претседател.

Ердоган, Махмуд Ваизи го прими во седиштето на Партијата за правда и развој (АКП) чиј претседател е самиот.

Согласно претходно постигнатиот консензус, Турција и Иран во натамошната трговија, наместо долар и евро донесоа одлука за употреба на националните валути.

Претседателот Ердоган на заедничката прес конференција со иранскиот колега Хасан Рохани во рамките на официјалната посета на оваа земја, на 4 октомври рече:

„Постигнавме согласност за оживување и раздвижување на финансискиот сектор под претседателство на Централната банка како и меѓу банките. Со цел економските односи да се ослободат од притисокот на курсните разлики, донесовме одлука за спроведување во дело на идејата за премин кон употреба на националните валути“.



Слични вести