Ердоган оствари телефонски разговор со саудискиот крал Салман

Главна тема на телефонскиот разговор Ердоган- Ал Сууд беа последните случувања во Палестина

Ердоган оствари телефонски разговор со саудискиот крал Салман

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз Ал Сууд.

Според извори од кабинетот на претседателот, главна тема на телефонскиот разговор Ердоган- Ал Сууд беа последните случувања во Палестина.

Претседателот Ердоган на разговорот се осврна на значењето и потребата за преземање заеднички став на муслиманите кон случувањата по должината на границата со Газа во кој загинаа 62 Палестинци како и претстојниот Самит на земјите членки на Организацијата за исламска соработка што се предвидува да се одржи во петок во Истанбул.

Во врска со случувањата во Газа претседателот Ердоган оствари телефонски разговори со емирот на Кувајт Шеик Сабах ал-Ахмед ал-Џебир ес-Сабах, палестинскиот претседател Махмуд Абас, јорданскиот крал Абдулах Втори, малезискиот премиер Махатир Мухамед.



Слични вести