Ердоган: Ако продолжи молкот за тиранијата на Израел светот ќе биде втурнат во хаос

Претседателот на Република Турција Реџеп Таjип Ердоган изјави дека Турција со сите можни средства и понатаму ќе биде со Палестинците.

Ердоган: Ако продолжи молкот за тиранијата на Израел светот ќе биде втурнат во хаос

Претседателот на Република Турција Реџеп Таjип Ердоган изјави дека Турција со сите можни средства и понатаму ќе биде со Палестинците.

„Ние ќе продолжиме да стоиме зад нашите палестински браќа, не само со нашите срца, туку со сите средства со кои располагаме. Ние никогаш нема да дозволиме Израел да го узурпира Ерусалим", рече Ердоган во говорот на првиот рамазански ифтар во Анкара со семејствата на страданите турски војници.

Eрдоган oстро ги критикуваше и Обединетите нации што не превземаа ништо по израелската бруталност против Палестинците во Газа.

„ОН се истрошени, исцрпени, срушени. Еве во моментот не можеме да дојдеме до генералниот секретар на ОН иако со него сум во во добри односи", рече турскиот претседател.

Тој предупреди дека светот ќе биде втурнат во вистински хаос, ако продолжи молкот пред постапките на Израел против Палестинците.

„Ако продолжи молкот за тиранијата што ја прави Израел, светот ќе биде втурнат во хаос во кој ќе владее разбојништво", заклучи Ердоган.

Ердоган во продолжение рече дека премесетувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и тоа без одлука на ОН и меѓународните организации уште повеќе ја засили израелската држава.Израелските војници убиваат невини,невооружени палестински мажи, жени,деца и старци. Ова што се доживува во Газа да се доживееше во некој друг дел на светот сите држави, меѓународни организации и асоцијации ќе се кренеа на нозе, но за жал гледаме дека во случајот не е така.Поголемиот дел од светот дури и не реагира.

Израелските сили убија 63, а повредени се најмалку 3.000 Палестинци кои учествуваа во масовните демонстрации организирани во знак на протест поради преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и во знак на сеќавање на Накба.



Слични вести