Зошто се толку важни изборите на 24 јуни 2018?

Во секој случај конечната одлука на 24 јуни нема да ја донесат одредени медијуми или групи на интереси туку турските бирачи со својата слободна воља и избор.

Зошто се толку важни изборите на 24 јуни 2018?

Ибрахим Калин за претстојните општи избори на 24 јуни:

За помалку од 4 недели поточно на 24 јуни турските избирачи ќе излезат на избори да изберат претседател и пратеници за новиот состав на Парламентот.

На дневниот ред во земјава деновиве пред изборите се наоѓаат голем број политички и економски прашања бидејќи овие избори ќе значат воведување на претседателски систем во Турција.

Новиот систем изгласан минатата година на референдум ќе биде претседателски систем на управување со унитарна држава. Во овој нов систем нема федерализам така што се разликува од американскиот. Поблиску е до францускиот претседателски систем, но нема да има премиер, така да тука се разликува од него. Новиот систем воспоставува јасна поделба на власта, т.е. законодавната, извршната и судската власт.Парламентот ќе донесува закони и ќе врши ревизија на владата, а претседателот на државата ќе има потолна власт во неговиот кабинет,но исто така ќе биде одговорен према граѓаните.Судството ќе биде независно и непристрасно.Тоа ќе ја штити стабилноста на Турција од слаби коалициски влади.

Во трката за претседател влегоа неколку кандидати.Не претставува изненадување тоа што актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган предничи на сите анкети со многу поголем број гласови од своите противкандидати.Сигурно ќе победи во првиот круг од гласањето. Ако се земе во предвид неговата долгогодишна популарност,Ердоган останува политички лидер на најголем степен на доверба кога се во прашање општествено политичките промени во последните 16 години.

Оваа сигурност е поврзана со репутацијата која ја има Ердоган. Ердоган најпрвин ја ревитализира турската економија така што националниот доход го зголеми речиси за 3 пати. Турција се отвори кон меѓународните пазари, отвори неколку десетици универзитети, основа научно истражувачки центри и стави крај на влијанието на воениот режим. Им ги призна исто така правата на Курдите,Ерменците и другите кои пред тоа чувствуваа притисок во општеството. Во 2007 и 2010 година спремно застана против воените и правосудните удари и спречи обид за воен удар во 2016 година.

Филозофијата на Ердогановата политика се заснова на признавање на правата на сите општествени групи,што се одрази на сите досегашни избори. Токму сето ова го ставаше пред сите останати, и тоа не само како лидер на десничарска партија, и тој сакаше без било какви идеолошки разлики да ги собере сите делови на општеството без разлика на етничка,регионална или идеолошка разлика.Всушност не можеме да кажеме дека Ердогановата политика ги задоволува сите, но таа беше привлечна за голем број луѓе во општеството.

Пред тоа сите негови против кандидати беа против неговите идеи,така да на тој начин ги градеа своите политички стратегии.

Ова во минатото немаше никаква корист и нема да има ниту на 24 јуни на изборите кои што се закажани во земјава. Турското избирачко тело знае да прави разлика меѓу сите вистински и празни ветувања, така што опозициските кандидати сега нудат неверојатни работи кои не се во складност ниту со реалноста, а гласачкото тело исто така не реагира бидејќи е свесно дека тие всушност водат само една обична игра.

Ете токму тоа е она што западните медијуми го промашуваат скоро на сите избори во Турција.Тие предвидуваат дека Ердоган ќе загуби, а тој победува и понатаму. Тие пробаат со познати фигури и нови алтернативни гласови,но не ја разбираат општествената и политичка динамика на турското општество. Скоро без исклучок ги заведуваат своите читатели прикажувајќи искривена слика за Турција, така што не успеваат да ги проценат и предвидат резултатите од турските избори.Тие популарната Ердоганова потпора ја туркаат на страна,пропагирајќи ги маргиналните гласови,што е вистински новинарски недостаток.

Претставувајќи го сето она што е против Ердоган како добро и разбирливо, не значи дека е добро и разумно новинарство.Тоа е чист политички активизам.Ердоган се користи за сиве овие видови на кампањи,но тоа не оди така лесно што се покажа на сите претходни избори. Некои аналитичари својот јак стил можат да го прикажат како авторитарност но дури и оваа евтина пропаганда не прави ништо добро бидејќи обичните граѓани знаат што направи Ердоган за нив.

Во следните денови се прашувам како еколошки освестеното западно новинарство ќе реагира на другиот изборен предлог на Ердоган,да се реализираат 30 средни и 5 големи урбанистички паркови под едно име „Народна бавча“. Ердоган вети дека аеродромот Ататурк во Истанбул ќе го претвори во јавен парк, кој по отворањето на новиот аеродром во Истанбул ќе мирува. Овој нов парк кој ќе се простира на површина од 11,7 квадратни километри ќе биде 3 пати поголем од лондонскиот Хајд Парк.Тоа секако ќе биде најголемиот урбанистички зелен парк изграден досега во турската историја. Најверојатно западните медијуми погрешно ќе го протолкуваат, и ќе го занемаруваат, под превезот на новинарството.

Таканаречените стручни лица во Турција ќе го нападнат Ердоган а на прв план ќе ги истакнат неговите противници.Добро. Но сето тоа би требало да го прават со малку доверба,веродостојност и искреност. Судни процени за турската економија,величење на терористите на ПКК, симпатии кон ФЕТО и пласирање на невтемелени тврдења против Ердоган нема да го спречи народот да гласа за него на 24 јуни.Сиве овие напори ќе останат само како низок стандард на новинарство и политички анализи кога во Турција се зборува за западните медијуми.

Изборите на 24 јуни се важни за одржување на стабилноста во Турција, за економскиот раст во државата и за севкупниот раст и тоа не само на Турција, туку и за Блискиот исток, Европа и САД. Како главен НАТО сојузник силата на Турција истовремено е сила и на нејизните сојузници,но заканите со кои што се соочува Турција треба исто така да се сметаат за закани и кон НАТО сојузниците.

Во секој случај турските избирачи се тие кои на 24 јуни ќе гласаат според својата слободна воља и ќе ја донесат конечната одлука, а не медијумските институции и групи кои ги застапуваат сопствените интереси.



Слични вести