Уште еден празник Рамазан бајрам и борбата на Турција за изнаоѓање решение на кризите

Интервјуто на Сердар Чам, претседателот на ТИКА

Уште еден празник Рамазан бајрам и борбата на Турција за изнаоѓање решение на кризите

Во период кога светот постепено се турка во еден процес во кој не може да се управува, дестабилизација предизвикана од тероризмот, внатрешните судири и војни, месецот на милоста и простувањето Рамазан за жал повторно го пречекавме со информации за шехидите во појасот Газа, крваречката рана на светот.

На годишнината од формирањето на Израел, датумот кога околу 750 илјади Палестинци на многу тажен начин беа протерани од својата татковина и паднаа во позиција на бегалци на своите територии, сите оние коишто преку зулумите се обидуваа да диктираат со мирот, повторно беа на сцена.

Статусот на Ерусалим

Напразно не му е даден посебен статус на Ерусалим кој со векови важи за свет град за сите Аврамски религии. Секако дека неприфаќањето на Ерусалим за главен град на ниту една држава од страна на сите земји во светот како и немањето Амбасада на ниту една земја во Ерусалим има посебна причина. Впрочем според 181-та резолуција на ОН од 1947 година, за Ерусалим се предвидуваше меѓународен режим под управа на ОН. По формирањето во 1948 година, Израел најпрвин го окупираше Западен Ерусалим, а во 1967 година во таканаречената Шестдневна арапско-израелска војна го окупираше и Источен Ерусалим. Советот за безбедност на ОН со резолуцијата број 242 со која го изнесе својот став за воспоставување праведен и одржлив мир на Блискиот Исток, покрај тоа што го повика Израел да се повлече од териториите кои ги окупираше во 1967 година, за жал Израел од тој датум наваму на Ерусалим смета како на фактички главен град на државата во која се наоѓаат зградите на парламентот и министерствата. Во 1980 година, Израел со усвојувањето на Законот за Ерусалим со кој Ерусалим го прогласи за неделив главен град, оваа одлука беше осудена со резолуцијата број 478 на СБ на ОН и беше упатен повик до сите земји кои што имаат дипломатски претставништва во Ерусалим да ги префрлат во Тел Авив. Постојаните земји членки на СБ на ОН не учествуваа на гласањето но исто така не ставија вето на резолуцијата. Почнувајќи од тој ден, Боливија, Доминиканската Република. Еквадор, Гватемала, Хаити, Холандија, Колумбија, Панама, Чиле, Уругвај и Венецуела земјите кои што имаа свои дипломатско-конзуларни претставништва во Ерусалим ги префрлија во Тел Авив. Ел Салвадор и Костарика со пренесувањето на своите амбасади во 2006 година од Ерусалим во тел Авив, во Ерусалим не остана ниту една амбасада.

Што се обидува да направи САД?

Американскиот конгрес во 1995 година, спротивно на резолуцијата број 478 на СБ на ОН усвои Закон за Амбасадата на САД во Ерусалим (Jerusalem Embassy Act of 1995) со кој Ерусалим беше прогласен за главен град на Израел и со кој се предвидуваше пренесување на американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим. Според законот, американската амбасада во Ерусалим се предвидуваше да се формира до мај 1999 година, додека како последица на чувствителноста на прашањето и проблемите кои може да ги предизвика пренесувањето на амбасадата на Блискиот Исток, сите претседатели го одложија овој процес.

На 6 декември 2017 година, 100 години по Балфоровата декларација со која се ветуваше формирање татковина за Евреите на Османлиските територии, 45-от американски претседател Доналд Трамп изјави дека донесол одлука за пренесување на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим. Датумот на објавувањето на оваа изјава беше многу жална и несреќна особено од аспект на Блискисточниот мировен процес и потребата за стабилност која што ја има регионот. Пренесувањето на американската амбасада претставува изопачен напор за стекнување на израелската окупацијата со меѓународен легитимитет, а не некоја едноставна промена на местото на амбасадата.

САД свесно рече „да“ на консензусот на меѓународната заедница која претходно рече „не“ на настанот кој може да предизвика несакани и немили последици за регионот, бидејќи самата помисла освен тоа што ќе ја зголеми напнатоста, исто така ќе предизвика и судири. На тој начин САД спротивно на меѓународното право и пред вниманието на целиот свет, својата амбасада во Израел од Тел Авив ја пренесе во Ерусалим.

Оваа одлука има исто значење со сето она што претставува Ѕидот на поделба и блокадата за Палестинците. Покрај острите реакции на меѓународната заедница и светското јавно мнение, овој потег на САД кој не фрли чекор назад, природно дека предизвика голем револт и незадоволство кај Палестинците. На крајот, покрај сите напори на Палестинците за изнесување на барањето за своите права и правдата по пат на граѓанска непослушност и пасивен отпор, израелските власти за жал и натаму продолжија со примена на несразмерна и прекумерна сила, зулуми, крвопролевање и солзи врз невините илјадници лица. Пред вниманието на меѓународната јавност и медиумите Палестинците беа изложени на ловот на израелската полиција во кој илјадници беа шехиди, а исто така илјадници повредени. Иако поминаа 70 години од денот на формирањето на Израел, кој датум за Палестинците претставува ден на големата несреќа – Некбе, кога почнаа масакрите, протерувањето на Палестинците од своите домови и територии, па дури беа принудени да станат беглаци во својата татковина, за жал истите насилства и зулуми на израелските војници врз Палестинците продолжуваат и денес.

Турција вложува напори да го угаси пожарот на Блискиот Исток

Самитот за Ерусалим кој беше свикан на 18 мај 2018 на покана на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во својство на земја привремен претседавач со Исламската организација за соработка, имаше големо значење особено од аспект на спречувањето на ирационалните и незаконски активности на Израел. Самитот наиде на голем оддек во целиот свет и постигна многу поголем успех од голем број регионални и меѓународни организации. Благодарение на чувствителноста на Турција како и приоритетот што го придава на човечките прашања, уште еднаш беше покажано дека статусот на Ерусалим не може да се промени со ирационални и незаконски примени.

Турција на самитот уште еднаш го изнесе ставот дека чекорите што беа фрлени најпрвин ќе бидат на штета на Израел, дека нема да бидат од корист за решавање на Палестинското прашање кое не е решено уште од формирањето на ОН, па дури дека ќе предизвика уште поголеми тешкотии при решавањето на проблемот, поради што регионот повторно ќе се претвори во извор на судири. Турција беше земја која вложи најмногу напори и покажа најголема пожртвуваност за постигнување траен мир во регионот, спречување на судирите и кризите. Но за жал, овие напори не наидоа на потребниот респект од страна на соговорниците поради што продолжи непотребното истрошување на надежта за мир.

Кога беше испратен бродот Мави Марамара за намалување на тагата на обесправените, беа убиени невини и невооружени луѓе. Додека болката по повод немилиот настан сеуште не беше стивнала, Турција само со цел да се намали тешкиот притисок врз Палестинците, на Израел му предложи решение за кризата со плаќање обесштетување и извинување. Но овојпат, помошта која што се доставуваше на Палестинците беше оклеветувана и се спречуваше со спроведување црна пропаганда. Имено додека Турција и другите земји делеа топли оброци на жртвите на војната кои беа изложени на немилосрдното бомбардирање на израелските воени сили, беа изнесени клеветите дека „наводно јадењето им било давано на терористите, а не на оние кои што имале потреба“. Во тие рамки толку претераа така што дури ја обвинија и Турската агенција за развој и координација (ТИКА) за тероризам. Додека како што е познато ТИКА на 4000 млади Палестинци им обезбеди услови да формираат здрави семејства, да живеат во општество во кое луѓето не се радикализирани и каде што ќе се воспостави мир и спокојство. Хуманитарната помош на Турција во суштина ги намали тензиите и може да се увиди дека го намали лошото влијание на кризата. Турција покрај се продолжи и продолжува со активностите за воспоставување на спокојството и мирот во регионот. За заздравување на раните на настраданите Палестинци и во текот на овој месец на постот Рамазан на повредените во Газа со автомобили ќе им се испратат здравствени услуги, лекови и други медицински препарати. За време на Рамазан секој ден на околу 1000 семејства, вкупно околу 200 илјади лица ќе им се додели храна додека на околу 12 илјади семејства ќе им се доделат прехранбени намирници. Цел на доделувањето на итната хуманитарна помош е колку е во можност да се намали човечката трагедија на Палестинците во Газа која секој изминат ден се повеќе се влошува. Додека со помошта за развој која се планира да се додели на подолг временски период, се планира да се зголеми стапката на благосостојба на палестинскиот народ.

Овие напори на Турција, освен поддршката на решението за бизонална држава која ќе се заснова на правда и мир, во суштина претставуваат и одговор на барањето на Израел за стекнување со легитимитет во регионот и поддршка на израелскиот народ. Израел треба да увиди дека наместо со Ѕидот на поделба, убиствата без претходно судење, вооружени напади и бомбардирање како и уништување на Палестинците, треба да го промени својот став и легитимноста да ја стекне со спроведување правда и благонаклоност.

Турција, земја која се бори за престанок на кризите

Турција која одбраната на вредностите како што се правдата и милоста ги прифатила за своја историска мисија и државна традиција, секогаш го зазела своето место против зулумот, покрај угнетениот без притоа да прави никаква верска, јазична и расна дискриминација. На ова можат да се најдат безброј примери во историјата. Во 1492 година приближно 200 илјади Евреи од притисокот и зулумот на кои беа подложени во Шпанија се засолнаа кај Османлиите, спокојството и безбедноста ја најдоа на овие територии. Евреите во Османлиската Империја можеа да дојдат на значајни должности во општеството и државата. Слични примери можат да се видат и во историјата на Републиката. Турција направи се што беше во најзина можност за заштита на Евреите од нацистичкиот зулум за време на Втората светска војна. Конзулот во Марсеј во тоа време Неџдет Кент доведувајќи го во опасност и сопствениот живот на голем број Евреи кои живееја во Франција под нацистичка окупација и за кои се водеа обиди за испраќање во германските логори, им издаде турски пасоши и ги спаси од овој зулум. Исто така и Селахаттин Улкумен кој во истиот период беше на задача како главен конзул на Турција на Родос и кој се споменува и како Турски Шиндлер, ризикувајќи ја притоа дури и можната појава на криза помеѓу Германија и Турција не ги предаде на тамошниот генерал турските Евреи кои од островот Родос ќе беа испратени во логори. Кога ќе се погледне кон овие примери во историјата многу подобро ќе се сфатат и денешните напори на Турција.  

Треба да се разбере вредноста на напорите на Турција за воспоставување на мирот и стабилноста на просторот од кој што себе си се гледа како неделив дел и треба добро да се искористи оваа историска можност. Една држава-наследник на Османлиската Импeрија која во текот на 400 години управувала со правда во регионот кој што денеска се оценува како центар на судири и нестабилност и овозможила елементите припадници на различна религија и етничка припадност да живеат во мир и спокојство, несомнено ќе обезбеди многу значаен придонес и за решавање на проблемот на судир и нестабилност во кој се наоѓа денеска регионот.

Целта на Турција никогаш не беше да воспостави хегемонија над другите земји, да ги експлоатира нив и да ги оствари своите сопствени себични интереси, спротивно на тоа беше и за луѓето надвор од нејзините национални граници да овозможи светот да биде место каде што може да се живее поправедно и подобро. На тој начин Турција цели кон глобална цел која ја засегаат 7,5 милијарди луѓе, а не само 80 милиони луѓе. Својата искреност по ова прашање во блиско време ја покажа во Мијанмар и Бангладеш. На угнетените во Аракан кои беа подложени на масакри и од кои стотици илјади се засолнаа во Бангладеш, Турција им ја отвори својата прегратка од илјадници километри далеку.  Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од моментот на појавата на оваа криза со водење на интензивна дипломатија се обиде вниманието на светот да го сврте кон тамошната човечка криза, го испрати своето семејство во регионот и ја достави помошта на нашата земја за намалување на влијанието на кризата. Секојдневно продолжува да се доставува помошта во топол оброк на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) на стотици илјади бегалци кои се засолнаа во Бангладеш и почнаа да живеат во тамошните кампови. Кој би можел да каже дека Турција со доставување на оваа помош од 5.500 километри далеку се обидува да ги оствари своите интереси? Напорите на Турција не претставуваат ништо друго од ставање крај на обидот на поредокот кој што поради сопствените интереси постепено го доведува светот во место со кое што не може да се управува.    

Турско-израелските односи

Република Турција своите дипломатски односи со Израел ги оценува како значаен дел од обидите за придонес кон мирот и стабилноста во регионот. Кога ќе се размисли за војните и тензиите кои што ги доживува Израел со земјите од регионот, тоа што ги продолжува своите односи на здрава основа го спречува и осамувањето на Израел во регионот.

По секоја криза која што се доживува во Палестина доаѓа до затегнатост и во турско-израелските односи. Чувствителноста и хуманиот став на Турција понекогаш не и се допаѓа на израелската влада и оваа состојба влијае и на дипломатските односи помеѓу двете земји. Така и враќањето за одредено време на амбасадорите по последната доживеана криза во Газа ги постави на ум прашањата дали ќе се намали нивото на дипломатските односи. Взаемното повлекување на амбасадорите за одредено време ќе претставува правилен чекор, меѓутоа прекинувањето на дипломатските односи во долг временски период би значело индиректно спроведување на санкција и кон Палестинците кои се подложени на негативното влијание на настаните. Затегнатоста која што по нападот врз бродот Мави Мармара траеше 6 години се намали благодарение на договорот за взаемно назначување на амбасадори така да повторно започнатите дипломатски односи и покрај се го олесни придонесот на Турција кон палестинскот прашање и доставувањето на помош на луѓето кои имаат потреба од таа помош. Впрочем Ерусалим се наоѓа под блокада, Западниот Брег под опсада и патиштата за пристап до Палестина макар и незаконски се под контрола на Израел. Во оваа точка треба да се стои далеку од бесчувствитеност, да се делува со здрав разум и да се избегнува од чекори кои ќе ги продлабочат проблемите. Така и нашите институции во оваа точка треба да делуваат во координација и своите активности треба да ги планираат со консултирање со нашите дипломатски мисии и со нашата канцеларија на Турската агенција за соработка и кординација (ТИКА) која делува активно на терен.

Израелската управа и покрај тоа што тоа никогаш не го направила досега веќе треба да го слушне гласот на меѓународната заедница и треба да стави крај на овој зулум против Палестинците. Претставниците на народот кој што бил подложен најмногу на прогонство во историјата, оние болки кои што ги доживеале во минатото не би требало да ги вршат против другите луѓе и народи. Од друга страна веќе треба да се согледа дека земјата која ја продлабочува кризата, ги провоцира луѓето и го води регионот кон нестабилност не може да врши улога на „посредувач“. Претставниците на различни верувања во Ерусалим кој еден век како копнее по мир треба да живеат во мир и спокојство исто како и во минатото.

Несомнено дека ќе дојде мир во секое место каде што луѓето ќе можат да се движат слободно и безбедно и секаде онаму каде што ќе заживее трговијата. На тој начин и мисијата на Турската агенција за соработка и кординација (ТИКА) во сите оние места каде што оди не претставува ништо друго освен одбрана на мирот и спокојството на тие места со заајкнување на постоечката инфраструктура за економски развој и повторно воспоставување на нарушениот поредок.



Слични вести