Чавушоглу: Било Германија, било другите земји треба да ни ги предадат пучистите предавници

Во врска со тврдењето околу тоа оти бегалецот обвинетт за преврат Адил Оксуз познат како „имам на воздухопловните сили“ се наоѓа во Германија, Чавушоглу рече: „Било Германија било другите земји треба да ни ги предадат пучистите предавници“

Чавушоглу: Било Германија, било другите земји треба да ни ги предадат пучистите предавници

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека предавниците кои по учеството во обидот за преврат во 2016 година на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура (ФЕТО/ПДЈ) избегаа во странство треба да и се испорачат на Турција.

Во врска со тврдењето околу тоа оти бегалецот обвинетт за преврат Адил Оксуз познат како „имам на воздухопловните сили“ се наоѓа во Германија, Чавушоглу рече: „Било Германија било другите земји треба да ни ги предадат предавниците кои се обидоа да извршат преврат.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со ова тврдење за еден приватен телевизиски канал го изнесе следното: „Прашањето со Адил Оксуз е информација која што е доставена до новинската агенција Анадолија. Ние сме во потрага по сите припадници на ФЕТО/ПДЈ вклучувајќи го и Адил Оксуз. По гласините кои што пристигнуваат до нас бевме на разговори во Германија. Се појавуваат различни гласини, се говори дека е и во САД. Откако ќе биде фатен секако дека имаме договори со Германија. Ако биде фатен ќе доставиме барање за негова екстрадиција.  Доколку Германија не го предаде Адил Оксуз, ќе западне во позиција на САД кои не го предаваат терористичкиот водач на ФЕТО/ПДЈ. Било Германија, било другите земји треба да ни ги предадат пучистите предавници.“

 

 



Слични вести