Турските вооружени сили продолжуваат со операцијата на Кандил од копно и од воздух

Планината Кандил од копно е опколена од страна на специјални единици за операции, а истовремено операцијата е поддржувана и од воени авиони Ф-16 од воздух

Турските вооружени сили продолжуваат со операцијата на Кандил од копно и од воздух

Операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) на подрачјето на планината Кандил и областа Синџар на северот на Ирак продолжува од копно.

Планината Кандил од копно е опколена од страна на специјални единици за операции, а истовремено операцијата е поддржувана и од воени авиони Ф-16 од воздух.

Во последните три дена во подрачјето на планината Кандил се уништени 20 складишта за оружје и муниција.

Турските вооружени сили (ТВС) од подрачјето на Јуксекова кај градот Хаќќари внатре во границите на Турција влегоа до подножјето на планините Дел кај Сидекан во широчина од 15 километри и длабочина од 30 километри на ирачка територија со што го зедоа под контрола целото ова подрачје на северот на Ирак.



Слични вести