Ердоган: Турција во 2019 година ќе формира своја научна база на Антарктикот

Претседателот Р. Т. Ердоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со научната база која што ќе ја формира Турција на Антарктикот во 2019 година

Ердоган: Турција во 2019 година ќе формира своја научна база на Антарктикот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција во 2019 година ќе формира своја научна база на Антарктикот.

Ердоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со научната база која што ќе ја формира Турција на Антарктикот.

Во својата објава Ердоган напиша: „Во 2019 година ќе формираме научна база на  Антарктикот. Со оваа наша научна база Турција ќе стане една од 30-те земји со право на збор над Антарктикот. Времето е време на глобална визија. Времето е време на Турција.“

Ердоган во својата објава сподели и визуелна слика со деталите во врска со проектот.

Во визуелната слика под наслов „Антарктичка научна база“ се истакнува дека почна да се применува Националната поларна програма за научни истражувања, се реализирани две мисии за Антарктикот со 40 научници, Договорот за Антарктикот (Мадридскиот протокол) е усвоен во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и е објавен Поларен повик од Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК).   

 

 



Слични вести