Ердоган има интензивна програма во Брисел

Ердоган најпрвин ќе учествува на третата седница на шефови на држави претседатели на влади и премиери, а веднаш потоа ќе оствари средба со италијанскиот премиер Џузепе Конте

Ердоган има интензивна програма во Брисел

Вториот ден на Самитот на НАТО во Брисел претседателот Реџеп Тајип Ердоган има интензивна програма.

Ердоган најпрвин ќе учествува на третата седница на шефови на држави претседатели на влади и премиери, а веднаш потоа ќе оствари средба со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Нешто потоа Ердоган ќе учествува на седницата посветена на Авганистан.

Претседателот Ердоган ќе одржи средби со францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Петро Поошенко, бугарскиот претседател Румен Радев.

Попладне Ердоган ќе одржи средби со авганистанскиот претседател Ешреф Гани Ахмедзаи и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

По завршувањето на Самитот на НАТО, претседателот Ердоган во вечерните часови ќе се врати во земјава.



Слични вести