Во воздушни операции кај Османије, Ширнак и Дијарбакир неутрализирани 17 терористи на ПКК

„Во руралните подрачја на Османије, Бејтушшебап кај Ширнак и Кулп кај Дијарбакир беа реализирани воздушни операции против терористите и беа неутрализирани 17 терористи“ - се вели во соопштението на Генералштабот

Во воздушни операции кај Османије, Ширнак и Дијарбакир неутрализирани 17 терористи на ПКК

Во реализирани воздушни операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во руралните подрачја на Османије, Ширнак и Дијарбакир се неутрализирани 17 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Генералштабот, во руралните подрачја на Османије, Бејтушшебап кај Ширнак и Кулп кај Дијарбакир беа реализирани воздушни операции против терористите.

Во операциите беа неутрализирани 17 терористи.

Установено е дека едниот од неутрализираните терористи во руралното подрачје на Бејтушшебап кај Ширнак е Кадри Бајрам познат под кодното име „Мехмет Гоји“, инаку одговорен за таканаречениот Фронт Келмехметлер на терористичката организација.

Во областа беа запленети и пешадиска пушка М16, два калашникови, експлозивна направа од рачна изработка, две мали боци, две ранци и голема количина материјали за животните потреби на терористите.

Исто така е установено дека едниот од 10-те терористи кои беа неутрализирани во реализираната операција на 28 јуни кај градот Битлис бил Сефер Ачар, одговорен за таканаречената провинција Гарзан на терористичката организација ПКК/КЏК кој се наоѓал на црвената листа на барани терористи, која инаку претставува листа на најбарани терористи.

Според објавеното писмено соопштение од министерството за внатрешни работи, установено е дека Сефер Ачар е извршителот на терористичкиот напад во кој за време на операцијата на 27 ноември 1998 година во северниот дел на Ирак од страна на припадници на терористичката организација ПКК беше срушен хеликоптер на жандармеријата од типот Скорски и притоа животот го загубија 15 војници.

Кај високорангираниот терорист Сефер Ачар била пронајдена банкнота „500.000 лири“ која била во оптек уште во 1998 година на која што пишувало „Парата е на пилотот на срушениот хеликоптер во Херко 11-27-1998“ и ја чувал оваа банкнота како спомен од извршениот напад уште пред 20 години.

Инаку, по овој високорангиран терорист Сефер Ачар на црвената листа на барани терористи, се трагаше поради вкупно 18 извршени кривични дела како членување во вооружена терористичка организација, лишување на лице од неговата слобода, намерно убиство, нарушување на единството на државата и целовитоста на земјата, незаконско поседување или замена на опасни супстанции, оштетување на посторјки, обид за укинување или спречување на извршување на својата задача на владата на Република Турција.



Слични вести