Хедер Науерт: САД стојат покрај демократските институции во Турција

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт во пораката што ја објави по повод втората годишнина од неуспешниот обид за преврат на 15 јули 2016 година истакна дека САД стојат покрај демократските институции во Турција

Хедер Науерт: САД стојат покрај демократските институции во Турција

САД објавија порака во врска со втората годишнина од обидот за преврат од страна на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, на 15 јули 2016 година.

Во писменото соопштение на портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт се вели следното: „Во бруталниот неуспешен обид за преврат пред две години животот го загубија приближно 250 турски граѓани и илјадници лица беа ранети. Го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите.“

Науерт во својата порака нагласи дека САД стојат покрај демократските институции во Турција и ја изнесе следната проценка: „Неуспешниот обид за преврат претставува напад врз демократијата и драстично предупредување за тоа дека за зачувување на демократијата постои потреба од зачувување и одбрана на еланот и фундаменталните слободи.“



Слични вести