Преживеаните раскажуваат за неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година

За време на неуспешниот предавнички обид за преврат ноќта на 15 јули 2016 година на Фетулахистичката терористичката организација ФЕТО животот го загубија и станаа шехиди 251 лице, а 2.200 лица беа повредени и станаа газии

Преживеаните раскажуваат за неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година

Директните очевидци на неуспешниот обид за државен удар кој се случи ноќта на 15 јули во 2016 година, со новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency AA) гo споделија она што го преживеајa тој ден.

Нуруллах Келеш (27), во своето тело има повеќе од 15 парчиња шрапнели.

Келеш беше пред Генералната команда на жандармеријата во Анкара, за време на обидот за државен удар, кога беше погоден од бомби од воените авиони. Тој изгуби половина од својот череп, а неговата вилица бeше раздвоена. Сè уште е под терапија.

„Парчињата шрапнели што ги носам во моето тело се извор на гордост за мене“, нагласи Келеш.

Тој рече дека некои групи сè уште се обидуваат да предизвикаат нереди во Турција, и доколу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган не е на власт, нацијата нема да може да пружи отпор.

Метин Доган, друг очевидец, кој лежел на земја при минувањето на тенк кај аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, истакна дека во тој момент не чувствувал страв.

„15 јули за мене значи да го дадете животот без двоумење, за нешто што многу го сакате“, рече тој.

Ахмет Акполат, снимател на телевизискиот канал „CNN Turk“ (Си-ен-ен Турк), не ја предаде својата камера на пучистите таа ноќ.

Акполат рече дека долго време се спротивставувал и не ја предал својата камера, додавајќи дека професионалната етика и начинот на кој бил воспитан, одиграле голема улога во неговиот храбар чин.

За време на неуспешниот предавнички обид за преврат ноќта на 15 јули 2016 година на Фетулахистичката терористичката организација ФЕТО животот го загубија и станаа шехиди 251 лице, а 2.200 лица беа повредени и станаа газии



Слични вести