Заменик-државниот секретар Брајза предупреди: САД не можат да се осмелат да ја изгубат Турција

Заменик-државниот секретар на САД Метју Брајза истакна дека неговата земја не може да се осмели да ја изгуби Турција

Заменик-државниот секретар Брајза предупреди: САД не можат да се осмелат да ја изгубат Турција

Заменик-државниот секретар на САД Метју Брајза во текстот што го напиша за весникот „Вашингтон Пост“ ги наброи своите предупредувања до претседателот Доналд Трамп.

Брајза истакна дека неговата земја не може да се осмели да ја изгуби Турција.

Во текстот под наслов „САД не можат да се осмелат да ја изгубат Турција“, Брајза ги критикува одлуките на претседателот Доналд Трамп за спроведување на дополнителни даноци и санкции врз Турција и го напиша следното: „Тоа беше темпирано, неочекувано и непријателско однесување за нанесување максимална штета врз сојузникот во НАТО Турција.“

Брајза нагласи дека чекорите на САД опасно ја зголемуваат затегнатоста во односите помеѓу двете земји.

Истакна дека САД со донесените одлуки кон економијата на Турција се откажуваат и од сојузништвото на Турција.

„Доколку САД се откажат од Турција ќе го изгубат своето влијание на Блискиот исток, ќе ја доведат во опасност коалицијата за борба против терористичката организација ДЕАШ.“ - рече Брајза.

Велејќи „Сојузништвото помеѓу Турција и САД од управата на Труман досега зазеде место во центарот на нашата Блискоисточна стратегија“, заменик-државниот секретар на САД Метју Брајза стави акцент на значењето на Турција и воедно потсети дека воената база Инџирлик во Адана е од животно значење.



Слични вести