Заврши средбата помеѓу Ердоган и Путин во Сочи

Во рускиот град Сочи на црноморскиот брег заврши средбата помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин посветена претежно на случувањата во подрачјето на градот Идлиб во Сирија

Заврши средбата помеѓу Ердоган и Путин во Сочи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во градот Сочи на црноморскиот брег разговараа за случувањата во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Средбата се одржа во резиденцијата на рускиот претседател Путин во Сочи и траеше 1 час и 50 минути.

По средбата лице в лице се премина на разговори помеѓу делегациите на двете земји. 

На средбата помеѓу двајцата лидери беа разменети мислења во врска со низа регионални и меѓународни прашања на чело со Сирија.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се очекува да одржат заедничка конференција за претставниците на печатот.



Слични вести