Претседателот Ердоган се состана со претставниците на американските фирми во Турција

Претседателот Ердоган во своето обраќање пред претставниците на американските фирми во Турција рече: „Верувам дека и покрај сите удолнини и угорнини со инвестициите и трговијата нашата стратешка соработка со Америка ќе зајакне уште повеќе“

Претседателот Ердоган се состана со претставниците на американските фирми во Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во претседателската палата во Бештепе во Анкара ги прими претставниците на американските фирми во Турција.

На приемот кој што траеше 2 часа и 40 минути присуствуваа и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, министерката за трговија Рухсар Пекџан и потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Лутфу Елван.

Во своето обраќање што го одржа во оваа пригода пред претставниците на американските фирми во Турција, претседателот Ердоган истакна дека овој состанок ќе овозможи меѓусебно подобро разбирање и меѓусебно сфаќање уште од поблизу на своите погледи.

Ердоган рече: „Верувам дека и покрај сите удолнини и угорнини со инвестициите и трговијата нашата стратешка соработка со Америка ќе зајакне уште повеќе.“   

Нагласувајќи дека во текот на 16 години колку што се наоѓа неговата партија на власт им се придава големо значење на консултациите со сите свои соговорници, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Нашата врата за вас ќе продолжи секогаш да е отворена. За мене лично, за моите другари министри, моите советници и т.н. Вие многу добро знаете што се успева да направи Турција и покрај толку големата нестабилност, судирите и тешкотиите во регионот во кој се наоѓа. И тешкотиите со кои што се соочуваме во моментов апсолутно не се непребродливи за нас. Ќе видите, иднината на Турција ќе биде посветла и поблескава.“



Слични вести