Претседателот Ердоган ги покани турските научници од сите страни на светот да се вратат во земјата

Претседателот Ердоган ги покани турските научници од сите страни на светот да се вратат во земјата и да се приклучат кон научниот и технолошкиот пробив кој што е започнат

erdogan teknofest.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска го посети Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул кој се одржува во новоизградениот аеродром во Истанбул кој воедно е и најголемиот аеродром во светот.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган истакна дека е започната мобилизација за враќање назад во земјата на турските научници.

Ердоган ги покани турските научници од сите страни на светот да се приклучат кон научниот и технолошкиот пробив кој што е започнат.

Ставајќи акцент на значењето на технологијата, претседателот Ердоган во својот говор рече: „Првиот услов на независноста во вистинска смисла на зборот во светот денеска е да се достигне до позиција на земја која ја дизајнира технологијта, произведува и извезува.“

Ердоган нагласи дека првата фаза на технолошките развои е да се замислува и рече: „И ние сето она кое што и го придадовме на Турција и го придадовме секогаш одејќи по нашите замисли. Посакувам ТЕКНОФЕСТ да стане повод за отсок.“   

Велејќи дека за време на неговиот премиерски мандат беше започнат голем пробив во одбранбената индустрија, Ердоган рече: „Поништувајќи ги проектите за купување на голем број производи како што беа тенкови, хеликоптери, беспилотни летала ги започнавме работите за развивање на национални и оригинални модели. Моментално во нашата земја се водат над 600 проекти во одбранбената индустрија.“ 

„Со развивање на домашни и национални финансиски, здравствени и енергетски технологии се обидуваме да ја зајакнеме нашата независност“, - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и својот говор го продолжи со следните зборови: „Ја започнуваме мобилизацијата за враќање назад во земјата на нашите научници, ја започнуваме програмата за истражување на меѓнародни лидери. Научниците насекаде во светот ги поканувам да се приклучат кон пробивот што го започнавме во нашата земја.“

 



Слични вести