Ибрахим Калин: Мирот не може да се воспостави без правда

„Мирот како трајна вредност, може да претставува вредност само доколку се потпира на правда. Сите други алтернативи се осудени на неуспех.“ - вели Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Ердоган, во својата статија за „Дејли Сабах“ на англиски

Ибрахим Калин: Мирот не може да се воспостави без правда

Покојниот новинар Ентони Шадид, добитник на Пулицерова награда кој почина во 2012 година од напад на астма додека ја следеше војната во Сирија велеше каде и да одевте на Блискиот исток и во исламскиот свет единствениот збор кој што ќе го слушневте постојано секаде не беа демократијата, граѓанските права па дури и слободата, туку правдата.  Ова не е случаен заклучок. Оди во суштината на проблемот, привлекува внимание како целина општо во целиот свет, а не само во муслиманските земји. Се повторува една едноставна, но фундаметална идеја дека  ако нема правда, не можат да е воспостават ниту мирот, редот (поредокот) и безбедноста.   

Да го разгледаме палестинското прашње.  Тоа е најдолгата окупација на модерната историја. Кога ќе се земе во предвид било кој доживеан политички судир во 20-от век му нема рамен на епот напишан од страна на палестинскиот народ. Со безброј иницијативи кои што се водат од 1948 година наваму се бара решение за овој судир. Поради ова прашање нациите донесоа одлука за војна. Меѓутоа ниту една иницијатива за мир не стави крај на судирот. Зошто? Спротивно од она кое што го тврдат израелските пропагандисти, причината за тоа не е тоа што Палестинците,  Арапите не се заинтересирани за мир или тоа што Израел не може да најде партнер со кој би постигнал мир. Причината е во тоа што сиве овие доставени предлози за таканаречен мир секогаш беа без основниот елемент кој што ќе донесе правда за Палестинците. Распарчувањето на палестинските територии и изоставувањето на Палестинците од нивните фундаментални права за возврат на безбедноста на Израел, поради тоа што не се базираат на правда не можат да доведат до одржлив мир. Трајниот мир само и само ќе биде можен доколку им се признаат правата на Палестинците и доколку Палестинците бидат еднакво и праведно третирани.  Ниту една безбедносна грижа или политичка обврска или задолжителност нема да ја промени оваа вистина.

Еден друг случај пак околу тоа дека политичкото решение ќе биде можно доколку се потпира на принципот правда за секого (за сите), е сириската војна.  Сирискиот режим би можел да тврди дека со помош на своите сојузници ја добил војната. Меѓутоа оваа состојба не го прави праведен или легитимен овој резултат. Бесрамните обиди на режимот за бришење на сириските опозиционери од теренот и од преговарачката маса, нема да и донесат мир или стабилност за Сирија. Трајниот мир ќе биде можен само тогаш кога сите Сиријци ќе бидат третирани праведно и еднакво.

Истиот принцип важи и за растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните земји во светот.   Фактот дека сегашниот економски систем додека богатите земји ги прави уште побогати, сиромашните ги вовлекува во еден вртлог на сиромаштија без дно, не го прави светот подобро место за живеење.

Кај исламската интелектуална традиција правдата значи „ставање на работите на нивното право место“. Се да се стави на свое место, да му се додели правото. Да му се признае правото на секого без оглед на неговиот статус, на неговата етничка припадност или неговата религија. Ова како универзален принцип го држи општеството во целина, заедно. Како социо-политички принцип пак, ги зачувува редот и стабилноста.

Во оваа смисла мирот не би можел да биде само состојба без војна, бидејќи привременото спречување на судирот не е доволно да се достигне до мир. Треба да се располага со други елементи кои што мирот ќе го претворат во трајна реалност. Приодот кој што некои академици го нарекуваат „позитивен мир“ благодарение на моралните (етичките) и политичките принципи кои што ги содржи може да доведе до траен мир и може да создаде безбедност, стабилност и просперитет за сите. Тоа пак не враќа назад кон принципот на правда, односно на ставање се на свое место и на доделување на правото на се.

Ова беа меѓу темите за кои се дискутираше на „TRT World Forum“ кој оваа година се одржа по втор пат на 3 и 4 октомври во Истанбул и чија овогодишна тема беше „Преиспитување на мирот и безбедноста во распарчениот (фрагментираниот) свет“. На форумот се состанаа светски лидери и водечки експерти кои дадоа силни пораки во врска со мирот, безбедноста и правдата во светот кој што постепено добива се похаотична и нерегуларна, дезорганизирана состојба.  Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на затворањето на форумот го подвлече своето верување кон мирољубивиот светски поредок кој што ќе се потпира на правда. Претседателот Ердоган ги резимираше прашањата од сегашната структура на Обединетите нации (ОН) до членството на Турција во Европската унија (ЕУ) и од војната во Сирија до палестинскиот конфликт, како и глобалната мировна дипломатија на Турција којашто ги надгледува мирот и правдата (и тоа не само за моќните и богатите, туку за сите народи во светот).

Во овој свет кога се повеќе расте взаемната зависност, никој не е безбеден ако сите не сме безбедни. Се додека богатството не е праведно распределено ниту еден народ не може да ужива и да го вкуси задоволството од просперитетот во вистинска смисла на зборот. Светот во кој ќе нема правда не може да биде безбедно место за никого, т.ј. за сите нас.  Само ќе доведе до повеќе судири и маки.  И секого ќе го доведе во опасност и несигурност.

Мирот како трајна вредност, може да претставува вредност само доколку се потпира на правда. Сите други алтернативи се осудени на неуспех. Историјата на современите конфликти пак е доказ за оваа едноставна вистина.

 

Автор на статијата објавена во весникот „Дејли Сабах“ на англиски е Ибрахим Калин, портпарол на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести