Генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен: „TRT World Forum“ прерасна во светски бренд

Генералниот директор на Турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен истакна дека „TRT World Forum“ што се одржа минатата недела на 3 и 4 октомври во Истанбул прерасна во светски бренд

Генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен: „TRT World Forum“ прерасна во светски бренд

Генералниот директор на Турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен направи проценка во врска со „TRT World Forum“ што се одржа на 3 и 4 октомври во Истанбул на тема „Преиспитување на мирот и безбедноста во распарчениот (фрагментираниот) свет“.

Ерен истакна дека „TRT World Forum“ што се одржа минатата недела во Истанбул прерасна во светски бренд и дека тоа што овој форум во кусо време наиде на толку големо интересирање во целиот светот произлегува од моќта на зборовите кои што ги изговара Турција.

Изразувајќи го задоволството од оваа манифестација на која учествуваа над 600 домашни и странски идејни лидери, политичари, бизнисмени, академици, активисти и новинари од сите страни на светот, Ибрахим Ерен појасни дека седниците кои што се одржаа во текот на два дена колку што траеше „TRT World Forum“ поминаа доста продуктивно. 

Тој напомена дека Турција на одржаните седници ги презентираше политичките модели кои што би претставувале мерка против неправдата во светот, а исто така истакна дека на форумот беа изнесени и предлози за алтернативно решение против политичкото сфаќање кое што доминира и преовладува во светот.

„TRT World Forum во својата втора година стана светски бренд. Тоа што форумот во кусо време наиде на толку големо интересирање во целиот светот произлегува од моќта на зборовите кои што ги изговара Турција. Основната причина што на форумот учествуваа квалификувани луѓе се должи на надежта дека историската длабочина и искуството со кои што располага Турција би можеле да нудат значајни рецепти за денешниот распарчен (фрагментиран) свет. Годинава форумот наиде на крајно високо интересирање. Иншаллах (со помош на Аллах) догодина ќе го зголемиме бројот на учесници.“ - рече Ерен.

Генералниот директор на Турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен напомена дека во склопот на форумот им беа доделени и награди „TRT World Citizen“ (Светски граѓанин на годината) на лица кои имаа голем придонес во сферата на доделување на хуманитарна помош. 

Ибрахим Ерен им се заблагодари на екипата на TRT World, вработените на ТРТ, на директорката за визија и истражување на TRT World Пинар Кандемир и нејзината екипа кои имаа заслуги во одржувањето на „TRT World Forum“.

 



Слични вести