Чавушоглу се состана со ирачкиот претседател Бахрам Салих во Багдад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и новоизбраниот ирачки претседател Бахрам Салих по остварената средба во Багдад одржаа и заедничка прес-конференција

Чавушоглу се состана со ирачкиот претседател Бахрам Салих во Багдад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своит средби и разговори во главниот град на Ирак, Багдад се состана и со овоизбраниот ирачки претседате Бахрам Салих.

По остварената средба Чавушоглу и Салих одржаа заедничка прес-конференција.

Во оваа пригода Мевлут Чавушогу истакна дека оваа посета ја остварува за да ја нагласи уште еднаш поддршката на Турција на Ирак во овој процес.

Велејќи дека на остварените средби и рзговори биле разгледани прашања како што се повторната изградба на Ирак, развојот на економските односи и трговијата и инвестирањето, Чавушоглу напомена дека двете земји се едногласни по прашањето на тоа дека борбата пртив тероризмот треба да продолжи заеднички.

Чавушоглу рече: Повторно ќе ги отвориме нашите Генерални Конзулати во Басра и Мосул кои што претходно бевме приморени да ги затвориме поради безбедносни причини.“

Потсетувајќи дека на конференцијата што се одржа во Кувајт за повторната изградба на Ирак Турција вети 5 милијарди долари, Чавушоглу повтори дека Турција стои на својот збор.

Тој подвлече дека Ирак и Турција не се само соседни земји истовремено се и братски земји и напомена дека треба да се биде во соработка.

На едно поставено новинарско прашање во врска со прекуграничните операции на Турција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, Чавушоглу рече: "Турција во борбата против тероризмот, во рамките на меѓународното право, ќе продолжи да ги елиминира терористите секаде онаму каде што се наоѓаат. Оваа борба не претставува прекршување на територијалниот интегритет на Ирак, не претставува напад, туку е наше право кое што произлегува од меѓународното право. Отсега и оваа борба по формирањето на владата ќе ја водиме заедно со ирачката влада."

Одговарајќи и на едно поставено новинарско прашање во врска со случајот со исчезнатиот саудиски новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги), Чавушоглу потсети дека Главното Јавно Обвинителство започна интензивна и обемна истрага и рече: "Истрагата по ова прашање ја водат заедно сите наши нафлежни институции, вклучувајќи го и нашето разузнавање и нашата полиција."

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу продолжи со следните зборови: "Поради тоа што до овој случај е дојдено во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија, сакаме да бидеме во блиска соработка со Саудиска Арабија. И Саудиска Арабија треба да биде во соработка со нас. Вистините коишто ќе произлезат од овие истражувања ионака ќе ги споделиме со целиот свет." 

 



Слични вести