Мевлут Чавушоглу во Наџаф се состана со шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по остварените средби и разговори во Багдад синоќа замина за градот Наџаф каде што се состана со шиитскиот лидер на Движењето Садр и победникот на одржаните последни општи избори на 12 мај Муктеда ес-Садр

Мевлут Чавушоглу во Наџаф се состана со шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Ирак по остварените средби и разговори во главниот град Багдад синоќа замина за градот Наџаф (Неџеф).

Чавушоглу овде се состана со шиитскиот лидер на Движењето Садр и победникот на одржаните последни општи избори на 12 мај Муктеда ес-Садр.

По остварената средба Мевлут Чавушоглу истакна дека со Садр разговарале за заеднички прашања кои што ги засегаат двете земји и во врска со работите за формирање на новата ирачка влада.   

Велејќи дека средбата со Муктеда ес-Садр поминала во позитивна атмосфера, Чавушоглу потоа го посети турбето на Хазрети Али.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Багдад вчера се состана со новоизбраниот ирачки претседател Бархам Салих, претседателот на парламентот Мухамед ел-Халбуси, мандаторот за составување на новата ирачка влада Адил Абдулмехди, со претседателот на Ирачкиот туркменски фронт Ершет Салихи, туркменските пратеници, поранешниот ирачки потпретседател Усаме ел-Нуџејфи и со лидерот на Организацијата Бедир Хади ел-Амири.

 



Слични вести