Одложен вчерашниот претрес на резиденцијата на генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул

Во рамките на истрагата беше применет методот „Луминол“ со чие посредство од зградата беа собрани голем број примери на ДНК ќелии.

Одложен вчерашниот претрес на резиденцијата на генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул

Синоќа беше одложен претресот на резиденцијата на генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул по повод исчезнувањето на саудискиот новинар Џемал Кашикчи од кого од 2 октомври наваму нема никакви информации.

Домашните и странски новинари продолжуваат да чекаат пред резиденцијата на генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул каде што вчера требаше да се изврши претрес во рамките на истрагата.

Полицијата и екипите за увид на лице место прексиноќа 9 часа извршија претрес во зградата на генералниот конзулат.

Во рамките на истрагата беше применет методот „Луминол“ со чие посредство од зградата беа собрани голем број примери на ДНК ќелии.

Екипите на дирекцијата за увид на лице место исто така зеде примери и од канализацијата за која е поврзана заградата на конзулатот.

Полициските екипи меѓудругото зедоа и примери од дворот на зградата на конзулатот, сметот и кутиите.

Доказните материјали кои беа земени од конзулатот беа пренесени во Лабораторијата за криминална полиција каде што ќе се изврши детална истрага од страна на екипите за увид на лице место.



Слични вести