Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со Трамп

Билатералните односи, борбата против тероризмот, убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи и последните случувања  во Сирија беа главна тема на разговорот

Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со Трамп

Синоќа претседателот Реџеп Таjип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во соопштениетоо кое беше објавено од претседателскиот прес центар беше истакнато дека двајцата лидери разговарале за билатерални односи, борбата против тероризмот, убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи и последните случувања  во Сирија.

Во соопштението се наведува дека Ердоган и Трамп зборувале за правната постапка во случајот со американскиот свештеник Ендрју Брансон кој по одлежувањето одреден период, минатата недела беше пуштен на слобода,  ја потврдиле решителноста за нормализирање и развој на односите меѓу Турција и САД во сите сфери како и борбата против сите терористички организации, вклучувајќи ја и ФЕТО.

Двајцата лдиери исто така се согласни за потребата од имплементацијата на турско-американскиот договор за подрачјето на сириски Мунбич, постигнат во јуни како и за турско-рускиот договор за демилитаризираната зона во Идлиб постигнат на 17 септември.

Ердоган и Трамп разговараа и за неопходноста од што поскоро расветлување на сите детали за убиството на новинарот Кашогџи во саудискиот конзулат во Истанбул.



Слични вести