ТУСАШ со хеликоптерот АТАК ќе учествува на аеромитингот во Маракеш

На саемот покрај хеликоптерот Атак ќе бидат промовирани и другите производи на инженерите на компанијата ТУСАШ

ТУСАШ со хеликоптерот АТАК ќе учествува на аеромитингот во Маракеш

Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) ќе учествува на аеромитингот во Маракеш што ќе се одржи од 24 до 27 октомври.

Во соопштението кое беше објавено од страна на ТУСАШ беше истакнато дека на аеромитингот ќе лета турскиот офанзивен и тактичко извиднички хеликоптер Атак Т129.

Компанијата ТУСАШ води сеопфатни активности за хеликоптерот АТАК во регионот и од 2017 година наваму кога почнаа преговорите со Мароко за остварување демонстративен лет на аеромитингот со што планира да влезе со многу големи претензии, оваа можност ќе ја искористи на светот да му ја докаже супериорноста на хеликоптерот АТАК.

На аеромитингот во Маракеш што ќе се одржи од 24 до 27 октомври покрај хеликоптерот Атак ќе бидат промовирани и другите производи на инженерите на компанијата ТУСАШ.



Слични вести