Потпишан договорот за производство на национален мотор за борбен авион

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир изјави дека во рамките на програмата за развивање на оригинален национален мотор за борбен авион е потпишан рамковен договор помеѓу Управата за одбранбена индустрија и компанијата "ТР Мотор"

Потпишан договорот за производство на национален мотор за борбен авион

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир истакна дека со рамковниот договор на програмата за развивање на оригинален национален мотор за борбен авион е започнат процесот за развивање на оригинален мотор за турбофан џет борбен авион.

Во рамките на програмата за развивање на оригинален национален мотор за борбен авион е потпишан рамковен договор помеѓу Управата за одбранбена индустрија и компанијата "ТР Мотор".

На церемонијата на потпишување што се одржа во Управата за одбранбена индустрија, Исмаил Демир рече дека ќе се стави во примена значаен дел од проектот за развивање на петтата генерација борбен авион.

Укажувајќи на тоа дека се има за цел моторот на националниот борбен авион да биде од домашно производство, Демир појасни дека за започнување на процесот за развивање на целосно оригинален мотор е формирана компанијата по име "ТР Мотор".

Демир рече дека проектот ќе одземе време од приближно 10 години.

Тој потсети дека е спремен и договорот во проектот за сериско производство на тенкот Алтај и дека се планира да се организира церемонија на потпис.

Претседателот на Управата за одбранбена индустрија Исмаил Демир додаде дека за првата испорака во тенкот Алтај се предвидува 18 месечен календар.

 



Слични вести