Бинали Јилдирим: Ататурк беше голем јунак кој не помисли да им се предаде на окупаторите

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во пораката што ја побјави по повод 10 Ноември Денот на сеќавање на Ататурк истакна дека Ататурк беше голем јунак кој не помисли да им се предаде на окупаторите

Бинали Јилдирим: Ататурк беше голем јунак кој не помисли да им се предаде на окупаторите

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим објави порака по повод 10 Ноември Денот на сеќавање на Ататурк на 80-годишнината од неговата смрт на 10 ноември 1938 година.

Јилдирим во пораката нагласи дека Ататурк со тоа што го презеде водството во народноослободителната борба им влеа храброст за независност на сите народи.

Тој истакна дека Ататурк беше голем јунак кој не помисли да им се предаде на окупаторите.

Бинали Јилдирим појасни дека Мустафа Кемал со вербата „Независноста на народот ќе се спаси со еланот и одлучноста на народот“ овозможи Република Турција да се стекне со својата независност и со тоа ги охрабри сите угнетени народи.

Потсетувајќи дека нападите против Турција продолжуваат со подлост и денеска, Јилдирим во својата порака го истакна следното: „Република Турција, со голема верба и голем елан напредува кон целите кои што ги покажа Тoj и над темелите што ги постави.“

 



Слични вести