Министерот Чавушоглу во Ашкабат примен кај туркменистанскиот претседател Бердимухамедов

По приемот министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека му се заблагодарил на претседателот Гурбангули Бердимухамедов за поддршката што им се дава на турските фирми кои делуваат во Туркменистан

Министерот Чавушоглу во Ашкабат примен кај туркменистанскиот претседател Бердимухамедов

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу престојува во официјална посета на Туркменистан каде што во главниот град на оваа централноазиска држава Ашкабат, беше примен кај туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов.

По приемот министерот Чавушоглу му се заблагодари на претседателот Бердимухамедов за поддршката што им се дава на турските фирми кои делуваат во Туркменистан.

Пренесувајќи ги зборовите на туркменисттанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов околу тоа дека поддршката на турските фирми ќе продолжи и во иднина, Мевлут Чавушоглу истакна дека разговорите помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји ќе продолжат.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно го изрази и своето задоволство од тоа што по 3 години повторно престојува во посета на туркменистанскиот главен град Ашкабат.

 



Слични вести