Порака од министерот Хулуси Акар по повод 10 Ноември Денот на сеќавање на Ататурк

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во својата порака напиша: „Ќе продолжи нашата борба против секој вид закана против Република Турција чиј основач е Ататурк“

Порака од министерот Хулуси Акар по повод 10 Ноември Денот на сеќавање на Ататурк

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар објави порака по повод 10 Ноември Денот на сеќавање на Ататурк  и Неделата на Ататурк.

Акар во својата порака истакна дека Гази Мустафа Кемал Ататурк ја остави во наследство на турскиот народ Република Турција која ја изгради над умот и науката, а воедно подвлече дека најзначајна задача е да се застане во одбрана на ова наследство.

Тој напиша: „Ќе продолжи нашата борба против секој вид закана против Република Турција чиј основач е Ататурк.“

Хулуси Акар истакна дека Гази Мустафа Кемал Ататурк заедно со јуначкиот и самопожртвуваниот турски народ започна една голема народноослободителна борба  и дека по борбата која што резултираше со победа беше прогласена Републиката.

Подвлече дека и за време на обидот за преврат на Фетулахистичката терорстичка организација ФЕТО на 15 јули 2016 година беше водена борба за независност исто како и за време на народноослободителната борба.

Акар во пораката ја нагласи и борбата против тероризмот.

Подвлекувајќи дека со елан и одлучност продолжува да се води борба против нсекој вид закана насочена против Република Турција, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го додаде и следното: „Оваа борба ќе продолжи се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.“

 



Слични вести