Пораката на Ердоган во врска со 10 ноември

Турција беспрекорно и непрекинато работи на зајакнувањето на националната волја и демократијата

Пораката на Ердоган во врска со 10 ноември

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција беспрекорно и непрекинато работи на зајакнувањето на националната волја и демократијата.

Ердоган објави порака по повод 10 ноември, годишнината од смртта на Гази Мустафа Кемал Ататурк.

Претседателот Ердоган во пораката потенцираше дека тешкиот пат на кој излезе со бескрајна доверба во народот, со сплотување на народот околу заеднички идеал и револуционерната борба го круниса со формирањето на Републиката.

Затоа борбениот дух и основачките карактеристики на Гази Кемал треба многу добро да им се пренесат на младите поколенија и децата.

Сите заедно треба да ги оствариме обврските и одговорностите во врска со овековечувањето и напредокот на Републиката за кој велеше дека е негово најголемо дело.

Оддавајќи почит на Ататурк, основачот на Република Турција по повод 80-та годишнина од неговата смрт, претседателот Ердоган рече:

„Турција со голема радост и гордост ја одбележи 95-та годишнина од формирањето и во период кога продолжува да јакнее и да се развива во стабилност, не треба да заборавиме дека нашите предци во минатото сите пречки  ги надминаа во братство и единство, во сите услови ги одржуваа националните и духовни вредности, никогаш не се вратија од патот во кој  што веруваа, а исто така ги положија своите животи за стабилноста и посветла иднина на земјата.

На зајакнувањето на националната волја и демократијата како и постигнувањето на предвидените цели во 2023 година гледаме со голема надеж, поради работиме беспрекорно и со голем елан, рече Ердоган.



Слични вести