Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин назначен за главен советник

Одлуките за новите назначувања во кабинетот на претседателот, министерството за надворешни работи и министерството за национална одбрана се објавени во денешниот број на Службеникот весник

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин назначен за главен советник

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин е назначен за главен советник на претседателот Ердоган.

Одлуките за новите назначувања во кабинетот на претседателот, министерството за надворешни работи и министерството за национална одбрана се објавени во денешниот број на Службеникот весник. 

Според тоа, доцент доктор Ибрахим Калин кој ја извршуваше должноста портпарол на претседателот Ердоган, заедно и со Исрафил Кишла се назначени за главни советници на претседателот Ердоган.

На Ибрахим Калин му е доделена и титула „амбасадор“.

Во меѓувреме, со овие последни измени се сменети и амбасадорите на Турција во Грција, Сомалија и Мароко.

На местото на амбасадорот во Грција Јашар Халит Чевик е назначен генералниот директор за билатерални политички прашања и поморство-воздухиопловство-граници Бурак Озуѓергин.

На местото на амбасадорот во Сомалија Олган Бекар е назначен Мехмет Јилмаз.

На местото на амбасаодорот во Мароко Ертхем Баркан Оз пак, кој беше повикан во министерството за нов амбасадор е назначен амбасадорот во либија Ахмет Ајдин Доган.

Освен тоа, за нов амбасадор во Парагвај е назначена помошник генералната директорка за југоисточна Азија и Пацификот Армаган Инџи Ерсој, за амбасадор на Мали помошник генералниот директор за протокол Мурат Мустафа Онарт, за амбасадор на Бенин помошник генералниот директор за билатерални политички прашања со северна Африка Кемал Онур Озчери.

За празните инспекторски функции во министерството за национална иодбрана се назначени даночните инспектори Армаган Сутлуоглу, Јакуп Арслан, Селчук Сонмез, Кадир Шахин, Емрах Арслан и Омер Фарук Токлу.

 



Слични вести