Турција го осуди вооружениот напад во ноќниот клуб во Калифорнија во САД

Во објавеното писмено соопштение на турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Го осудуваме нападот и го изразуваме нашето сочувство до семејствата на загинатите и до американскиот народ.“

Турција го осуди вооружениот напад во ноќниот клуб во Калифорнија во САД

Турција го осуди вооружениот напад во сојузната држава Калифорнија во САД и го изрази своето сочувство до семејствата на загинатите во нападот и до САД.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека со жалење беше дознаено за веста за смртта и ранувањето на гиолем број лица во вооружениот напад што беше извршен во еден ноќен клуб во сојузната држава Калифорнија во САД.

Во соопштението се вели следното: „Го осудуваме нападот и го изразуваме нашето сочувство до семејствата на загинатите и до американскиот народ.“

Инаку, во вооружениот напад кој што беше извршен вчера во еден ноќен клуб во градот Таусон Окс во сојузната држава Калифорнија во САД загинаа 11 лица, а голем број лица беа ранети.

Извршителот на нападот беше убиен во вооружена престрелка со полицијата.

 



Слични вести