Денеска се одбележуваат 80 години од смртта на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк

10 ноември Денот на сеќавање на Ататурк се одбележува со церемонии, манифестации и програми во цела Турција и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата

Денеска се одбележуваат 80 години од смртта на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк

Денеска е 10 ноември Ден на сеќавање на Ататурк.

Се одбележуваат 80 години од смртта на големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, на 10 ноември 1938 година.

Со љубов, почит и благодарност уште еднаш се сеќаваме на големиот лидер.

По повод 10 ноември 80-годишнината од смртта на Ататурк се одржуваат церемонии, програми и манифестации во цела Турција и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата.

Прва и централна адреса на церемониите на кои се состана државниот врв по повод одбележувањето на овој ден се одржа во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара.

Точно во 09:05 часот, моментот кога Ататурк ги затвори своите очи и почина, на 10 ноември 1938 година пред точно 80 години, засвиреа сирените во целата земја и му беше оддадена почит  со едноминутно молчење на големиот лидер.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и државната делегација во негова придружба го посетија гробот на Ататурк каде што положија венец и му оддадоа почит со едноминутно молчење на големиот лидер во неговиот вечен дом во мавзолејот „Аниткабир“ во Анкара.

Претседателот Ердоган се потпиша во спомен книгата на мавзолејот.

По посетата на државниот врв голем број граѓани во знак на сеќавање на Ататурк и оддавање почит во текот на денот уште еднаш ќе го посетат неговото вечно почивалиште мавзолејот „Аниткабир“.

Освен во главниот град Анкара, во чест на големиот лидер, основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк на кого на 80-годишнината од неговата смрт уште еднаш се сеќаваме со љубов, почит и благодарност, денеска во текот на денот ќе се одржат манифестации и програми и во Истанбул.

На чело на местата кои што денеска ќе бидат посетени од страна на голем број граѓани се наоѓа и сарајот Долмабахче во Истанбул каде што почина големиот лидер Ататурк на 10 ноември 1938 година пред точно 80 години.

 



Слични вести