Ердоган: Турција едно по едно ги уништува терористичките гнезда во северот на Ирак

Претседателот Р. Т. Ердоган истакна дека Турција едно по едно ги уништува терористичките гнезда во северниот дел на Ирак и напредува на патот да ги сруши Кандил и Синџар врз главите на терористите.

Ердоган: Турција едно по едно ги уништува терористичките гнезда во северот на Ирак

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на програмата што се одржа во Народниот конгресен и културен Центар во преттседателската палата во Бештепе во Анкара, по повод 10 ноември Денот на сеќавање на големиот лидер основоположник на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк на 80-годишнината од неговата смрт.

Притоа Ердоган истакна дека Турција едно по едно ги уништува терористичките гнезда во северниот дел на Ирак и напредува на патот да ги сруши Кандил и Синџар врз главите на терористите. 

Тој напомена дека и покрај воените удари, хунтите и разните игри на силите на туторство турскиот народ секогаш застана во одбрана на својата волја и стави до знаење дека и зборот и одлуката му припаѓаат нему.

Велејќи дека според националниот доход Турција се наоѓа на прво место во светот во доделување на хуманитарна помош, претседателот Ердоган рече: „Ако велите како се одговара на овие наши напори. Се обидуваат да ја спречат оваа наша борба со формирање на терористички коридори во должина на нашите граници. Многу добро знаеме како оние кои поставуваат награда на изглед ја прогласуваат ПКК на Кандил како терористичка организација, а во позадината како соработуваат со истите терористи."

Претседателот Ердоган истакна дека во експлозијата која се случи вчера вечер во еден магацин за муниција во населеното место Шемдинли кај градот Хаќќари животот го загубија (станаа шехиди) четворица војници, а 20 војници беа ранети, поради што на шехидите им посака милост од Аллах, а на ранетите им посака побрзо оздравување.

Потсетувајќи дека Турција постојано вели оти судбината на оние кои се на ист пат со терористичките организации секогаш ќе резултира со пораз, Ердоган напомена дека во последната една недела се неутрализирани 15 терористи. 

Претседателот Ердоган говорот го продолжи со следните зборови: "Уништувајќи ги едно по едно терористичките гнезда во северниот дел на Ирак напредуваме на патот да ги срушиме Кандил и Синџар врз главите на терористите. Свесни сме за тоа дека нашите сириски браќа источно од реката Еуфрат патат под канџите на сепаратистичко-терористичката организација. Во блиско време Иншаллах (со Аллахова помош) ќе овозможиме и угнетените во оваа област да се стекнат со безбедност и спокојство."

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека Турција ќе се искачи на нивото над современите цивилизации со произведување на своите сопствени дела и технологии, а не со чекање  на вратата на Западот.

 



Слични вести