Претседателот Ердоган во мавзолејот "Аниткабир" во Анкара положи венец на гробот на Ататурк

Државниот протокол на чело со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го посети мавзолејот на Ататурк "Аниткабир" во Анкара каде што претседателот Ердоган се потпиша во спомен книгата

erdogan anitkabir.jpg
erdogan anitkabir1.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Anıtkabir 10 kasım 2018.jpg
erdogan anitkabir2.jpg

Денеска е 10 Ноември...

Изминаа точно 80 години од смртта на основоположникот на Република Турција големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк.

Во целата земја и во различни делови на светот се одржуваат церемонии, манифестации и програми за одбележување на 80-годишнината од смртта на Ататурк.

Денеска на 10 ноември Денот на сеќавање на Ататурк во точно 09:05 минути моментот кога Ататурк ги затвори своите очи на 10 ноември 1938 година исто како и секоја година повторно засвиреа сирените и му беше оддадена почит со едноминутно молчење на големиот лидер.

Во 09:05 часот замре животот во целата земја.

Прва адреса на церемониите на сеќавање на Ататурк беше неговото вечно почивалиште во мавзолејот "Аниткабир" во главниот град Анкара.

Државниот протокол на чело со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го посети мавзолејот.

Овде претседателот Ердоган положи венец на гробот на Ататурк и му оддаде почит на големиот лидер.

Потоа претседателот Ердоган се потпиша во спомен книгата на мавзолејот.

Ердоган напиша: "Честит Ататурк, на 80-годишнината од вашата смрт уште еднаш се сеќаваме на вашата личност како врховен командант на нашата борба за независност и основоположник на нашата Република. И покрај нападите на внатрешните и надворешните мрачни сили напредуваме  со одлучност  на патот да ја доведеме во положба на едната од најсилните и просперитетни држави во светот Република Турција, која ни е оставена во аманет од ваша страна и од нашите шехиди (паднати борци). Аеродромот Истанбул чие свечено отворање го остваривме на 95-годишнината од формирањето на нашата Република е врежан (запишан) во историјата како најпоследно дело на гордост на нашиот народ."

Главното централно место на церемониите на сеќавање на  големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк на 80-годишнината од неговата смрт во  Истанбул пак, беше сарајот Долмабхче каде што Ататурк ги затвори своите очи на 10 ноември 1938 година.

Млади, стари и деца на секоја годишна возраст, стотици лица со џиновско турско знаме тргнаа кон сарајот Долмабхче.

Голем број граѓани од секоја годишна возраст во текот на денот ја посетуваат собата каде што почина Ататурк.

Исто како и секоја година и оваа година се доживуваат моменти на излив на чувства.

Исто така на сите четири страни на Турција илјадници лица со знамиња во своите раце во знак на оддавање почит кон големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк излегоа на плоштадите.

На одржаните церемонии му се оддава почит на Ататурк и се пее националната химна.

 



Слични вести