Турција ги осуди терористичките напади во Сомалија, Могадишу

Турското министерство за надворешни работи објави писмено соопштение со кое ги осуди реализираните терористички напади во сомалискиот главен град Могадишу

Турција ги осуди терористичките напади во Сомалија, Могадишу

Турција ги осуди терористичките напади во главниот град на Сомалија Могадишу.

Во објавеното писмено соопштение од министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: "Остро ги осудуваме терористичките напад со возила натоварени со бомби во Могадишу во кои загинаа и беа ранети голем број лица. На загинатите во нападите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување, а до пријателската и братска сомалиска влада и на сомалискиот народ го изразуваме нашето сочувство."

Во реализираните бомбашки напади во главниот град на Сомалија Могадишу животот го загубија 23 лица меѓу кои се наоѓаа и самоубиствените напаѓачи.

Терористичката организација Еш-Шебаб преку својата интернет страница соопшти дека ја презема одговорноста за нападите.

 



Слични вести