Франција: Зборовите на Ле Дријан во врска со убиството на Кашикчи и Турција се погрешно разбрани

МВР на Франција соопшти дека изјавите на министерот за надворфешни работи Жан-Ив Ле Дријан во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и Турција биле погрешно разбрани

Франција: Зборовите на Ле Дријан во врска со убиството на Кашикчи и Турција се погрешно разбрани

Франција наведе дека изјавите на министерот за надворфешни работи Жан-Ив Ле Дријан во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и Турција биле погрешно разбрани.

Во веста објавена од страна на францускиот весник „Ле Монд“ ослонувајќи се на француското министерство за надворешни работи, се застанува во одбрана на тоа дека министерот Ле Дријан всушност сакал да каже дека Тој не поседува  информации кои што целосно ќе го расветлат случајот во врска со Кашикчи (Кашоги) и дека вистината во врска со убиството не е ограничена само со аудио снимките кои што се наоѓаат во рацете на Турција.

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Фахреттин Алтун, претходно објави писмено соопштение до француската новинска агенција „АФП“ во кое се осврна на изјавите на францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Притоа Алтун истакна дека изјавите на Ле Дријан во однос на чекорите кои што ги фрла Турција во случајот со убиството на Кашикчи (Кашоги) не ја одразуваат вистината и рече: Не е можно да се прифати тоа што Ле Дријан го обвинува нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган за играње политички игри.“

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија на Истанбул за да земе документ за венчавка по што не можеа да се добијат никакви информации од него и потоа беше обелоденето дека станал жртва на ѕверско убиство во зградата на конзулатот.
 

 



Слични вести