Италијанскиот премиер Конте: Жалам поради тоа што Турција ја напушти конференцијата за Либија

Италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека жали поради тоа што Турција ја напушти конференција за Либија

Италијанскиот премиер Конте: Жалам поради тоа што Турција ја напушти конференцијата за Либија

Италијанскиот премиер Џузепе Конте на состанокот за претставниците на печатот што ја одржа по конференција за Либија во градот Палермо, на едно поставено новинарско прашање во врска со повлекувањето на Турција од конференцијата истакна дека жали поради тоа.

Конте рече: „Жалам поради тоа што потпретседателот на Турција (Фуат Октај) ја напушти конференцијата. Откако ја прочитав неговата изјава за печатот не согледав одреден изговор против Италија.“

Италијанскиот премиер Џузепе Конте го истакна и следното: „Треба да прифатиме дека може да има посебни чувствителности кои што резултираат со вакви видови одлуки“.

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека Турција со длабоко разочарување ја напушта конференцијата за Либија која што се одржува во Италија.

Освен тоа потпретседателот Октај рече: „„Неофицијалниот состанок што се одржа утрово меѓу некои земји и тоа што тие беа презентирани како главни актери во регионот на Медитеранот, е мошне погрешен и штетен приод на кој што ние остро се противеме. Турција го напушта овој состанок со длабоко разочарување.“

 



Слични вести