Во северот на Ирак се неутрализирани уште четворица терористи

Турски воени авиони во воздушна операција на областа Метина во северниот дел на Ирак неутрализираа четворица терористи кои се подготвувале за напад на пограничните воени бази

Во северот на Ирак се неутрализирани уште четворица терористи

Во реализирана воздушна операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) на областа Метина во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, кои се подготвувале за напад на пограничните воени бази.

Според објавеното соопштение од министерството за национална одбрана. во операцијата беа уништени и наоружани позиции, засолништа и складишта за муниција на сепаратистичко-терористичката организација.

Во меѓувреме, претходно и од страна на министерството за национална одбрана беше истакнато дека вчера беа реализирани воздушни операции на областите Зап, Хакурк, планината Кандил, Авашин-Басјан и Синат-Хафтанин, на северот на Ирак, во кои беа неутрализирани вкупно 19 вооружени терористи сепаратисти.

На тој начин бројот на вкупно неутрализираните терористи од 10 ноември досега се зголеми на 61.

 



Слични вести