Чавушоглу: Изјавите на саудиското главно јавно обвинителство се незадоволувачки

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека изјавите на главното јавно обвинителство на Саудиска Арабија во врска со убиството на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) ги оцени за незадоволувачки

Чавушоглу: Изјавите на саудиското главно јавно обвинителство се незадоволувачки

Турција изјавите на главното јавно обвинителство на Саудиска Арабија во врска со убиството на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) ги оцени за незадоволувачки.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во населеното место Аланија кај градот Анталија направи проценка на изјавите на главното јавно обвинителство на Саудиска Арабија во врска со истрагата за убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) во генералниот конзулат на оваа земја во Истанбул.

Чавушоглу рече: „Пред овие изјави на главниот јавен обвинител ме побара саудискиот министер за надворешни работи (Адил ел Џубејр) и однапред ме информираше дека главниот јавен обвинител по половина час ќе ги даде овие изјави.“

Нагласувајќи дека изјавите на саудискиот главен јавен обвинител не ги наоѓа за задоволувачки, Чавушоглу рече: „Каде е мртвото тело (трупот) на Кашикчи? Треба да се пронајдат оние од лчија страна е издадена наредбата и вистинските нарачатели и не треба на тој начин да се затвори овој процес. Ние ќе ја следиме оваа работа.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу продолжи со следните зборови: „Разбираме дека моментално се уапсени 11 лица. Претходно беа уапсени 18. Е побарано смртна казна за 5 мина од 11-те лица. Зошто другите лица се ослободени? Овие лица велат дека убиството е извршено поради тоа што се спротивставил да биде однесен во неговата земја, меѓутоа беше однапред испланирано. Сечењето на неговиот труп на парчиња не е нешто кое што би се сторило во тој момент. Однапред овде (во конзулатот) биле донесени потребните алати за негово убивање и сечење на парчиња.“

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија на Истанбул за да земе документ за венчавка по што не можеа да се добијат никакви информации од него и потоа беше обелоденето дека станал жртва на ѕверско убиство во зградата на конзулатот.

 



Слични вести