Мевлут Чавушоглу: Во врска со убиството на Кашикчи мора да се поведе меѓународна истрага

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашички (Џамал Кашоги) истакна дека во фазата во која се наоѓаме гледаме дека веќе мора да се поведе меѓународна истрага

Мевлут Чавушоглу: Во врска со убиството на Кашикчи мора да се поведе меѓународна истрага

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одговараше на прашањата во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) при што истакна дека Турција води транспарентен процес по прашањето на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашички (Џамал Кашоги) и дека тоа го прифаќа и целиот свет.

Чавушоглу рече: "Во фазата во која се наоѓаме гледаме дека веќе мора да се поведе меѓународна истрага."

Велејќи "Ние овој процес го водиме со меѓународната заедница на транспарентен начин", Мевлут Чавушоглу продолжи со следните зборови: "На почетокот ние рековме дека засега формиравме работна група со Саудиска Арабија и дека моментално не мислиме случајот да го поставиме пред меѓународниот суд, меѓутоа во фазата во која се наоѓаме сега гледаме дека веќе мора да се поведе меѓународна истрага. Што и да се случи ние ќе направиме се што е неопходно за расветлување на ова убиство со сите негови страни. Не може да се прикрие, да се настојува да се постигне договор."

Истакнувајќи дека Кашикчи (Кашоги) беше жртва на ѕверско убиство, Чавушоглу напомена дека единиците за разузнавање и полицијата доказите кои што ги собраа им ги покажаа на оние кои ги побараа.

„Турција не блефира. Се што поседува Турција треба да го споделиме со меѓународната заедница.“

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија на Истанбул за да земе документ за венчавка по што не можеа да се добијат никакви информации од него и потоа беше обелоденето дека станал жртва на ѕверско убиство во зградата на конзулатот.
 



Слични вести