Бинали Јилдирим ја посети Кина

Кина и Турција се две значајни земји кои заземаат позиција на источниот и западниот  крај на Азија

Бинали Јилдирим ја посети Кина

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Бинали Јилдирим рече дека од година до година се повеќе се развваат односите со Кина.

Бинали Јилдирим рече дека претседателот Ердоган и неговиот кинески колега Ши Џинпинг на средбата што ја остварија во рамките на Самитот на Г-20 во Аргентина усвоија значајни одлуки.

"Од година до година се повеќе се развиваат односите меѓу двете земји" рече Јилдирим.

Во рамките на посетата на Кина, Јилдирим го посети градот Шиан  во провинцијата Шанкси и во хотелот Хајат Реџенси го прими претседателот на Постојаниот комитет на Националниот конгрес на провинцијата Шанкси, Ху Хипинг.

Истакнувајќи дека Кина и Турција се две значајни земји кои заземаат позиција на источниот и западниот  крај на Азија, Јилдирим рече дека и покрај оддалеченоста, двете земји имаат голема и коренита историја.

Јилдирим рече дека претседателот Ердоган и кинескиот претседател Кси се состанаа во Аргентина и донесоа важни одлуки за понатамошно развивање на билатералните односи меѓу двете земји, потенцирајќи дека од година во година се повеќе се развиваат меѓусебните односи.

Нашата желба е да продолжиме да соработуваме со Кина за да го заживееме историскиот Пат на свилата и да ја обновиме железничката пруга на овој пат. Кина е нашиот најголем трговски партнер на Далечниот Исток и сакаме понатаму да го зголемиме обемот на билатералната трговија ", рече Јилдирим, додавајќи дека наскоро ќе се оживее и туризмот меѓу двете земји.

Може да започнат директни летови меѓу Ксиан и Истанбул. Турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс е спремна да започне лет на ова релација".

Во текот на денот Јилдирим ја посети 13 вековната џамија Ксиан Улу и 22 вековниот музеј во кој се наоѓаат глинени војници или теракотни војници.



Слични вести