Од Акар до Џефри: Никако нема да се дозволи формирање на терористички коридор на југот на Турција

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на остварената средба со специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри во Анкара истакна дека никако нема да се дозволи формирање на терористички коридор на југот на Турција

Од Акар до Џефри: Никако нема да се дозволи формирање на терористички коридор на југот на Турција

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар го прими специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри кој престојува во посета на Анкара.

Акар на средбата му рече на Џефри дека САД треба да ја прекинат својата врска со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и да се откажат од формирање на набљудувачки пунктови во северниот дел на Сирија, на границата со Турција.

Хулуси Акар истакна дека никако нема да се дозволи формирање на терористички коридор на југот на Турција.

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри пред средбата со министерот за национална одбрана Хулуси Акар учествуваше на Третиот состанок на работната група помеѓу Турција и САД за Сирија што се одржа во Министерството за надворешни работи во Анкара.

Во заедничкото соопштение на Турција и САД кое што беше објавено на крајот на состанокот се вели следното: „Страните ветија до крајот на годината да се постигне интензивиран и конкретен напредок по прашањето на Патната карта за Менбич.“

Во соопштението се додава и следното: „Страните ја потврдија одлучноста во борбата против секој вид тероризам кој што произлегува од територијата на Сирија и од други региони.“

 



Слични вести