Трет состанок на Турција и САД за Сирија

Главна тема на состанокот е градот Мунбич кој се наоѓа под контрола на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ

Трет состанок на Турција и САД за Сирија

На преговорите за Сирија со делегацијата на Турција претседава заемник министерот за надворешни работи Седат Онал, додека со делегацијата на Соединетите Американски Држави (САД) специјалниот претставник за Сирија Џејмс Џефри.

На масата се наоѓаат и воени претставници.

Главна тема на состанокот е градот Мунбич кој се наоѓа под контрола на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ.

На средбите се очекува на американската страна уште еднаш да и се укаже на незадоволството и загриженоста од присуството на терористичката ПЈД/ПЈД/ЈПГ во регионот како и потребата от што поскоро напуштање на регионот.

Меѓу останатите поглавја кои се очекува да бидат разгледани на средбите се наоѓа и барањето на САД за формирање контролни пунктови источно од Еуфрат.

По средбите во Анкара, специјалниот претставник Џејмс Џефри ќе замине за Јордан.



Слични вести