Ердоган: Ги следиме со загриженост сликите на улиците во Европа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека се следат со загриженост сликите на улиците во Европа

Ердоган: Ги следиме со загриженост сликите на улиците во Европа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на свеченото ставање во употреба на неколку новоизградени проекти во квартот Ускудар во Истанбул, истакна дека на улиците на голем број европски земји, а пред се во главниот град на Франција Париз владее хаос.

Ердоган рече дека се следат со загриженост сликите на улиците во Европа.

"Со загриженост ги следиме сликите на улиците во Европа. Ние сме и против оние слики на хаос предизвикани од страна на демонстрантите, и против непропорционалното насилство кое што се врши врз нив. Она што се гледа покажува дека Европа падна и на испитот по демократија и на испитот по човекови права и на испитот по слободи." - рече Ердоган.

Демонстрациите на "Жолтите елеци" кои како реакција против поскапувањето на горивото и влошувањето на економските услови во Франција започнаа на 17 ноември, потоа прераснаа во најсилни протести во последните години во Франција.

Демонстрантите бараат од францускиот претседател Емануел Макрон да ги намали даноците на горивото и да ги подобри економските услови во земјата.

Демонстрациите по Франција се проширија и во главниот град на Белгија, Брисел, и во Холандија.

 



Слични вести