Порака од Ибрахим Калин до Џејмс Џефри за источниот дел на Еуфрат

На дневен ред на средбата беше поставено прашањето за заедничко работење во однос на применување на соработката во Патната карта за Менбич и во другите области во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија

Порака од Ибрахим Калин до Џејмс Џефри за источниот дел на Еуфрат

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, вчера го прими специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри кој престојува во посета на Анкара.

На дневен ред на средбата помеѓу Ибрахим Калин и Џејмс Џефри беше поставено прашањето за заедничко работење во однос на применување на соработката во Патната карта за Менбич и во другите области во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија.

На средбата беше постигната согласност за интензивното започнување со примена на Патната карта за Менбич и беше изнесено значењето за постигнување конкретен напредок до крајот на годината.

На средбата стана збор и за заедничко работење во однос на применување на соработката во Патната карта за Менбич и во другите области во источниот дел на реката Еуфрат.

Беше нагласен успехот на четврниот самит за Сирија што се одржа минатиот месец во Истанбул и беше изнесена потребата за почесто одржување на состаноци за соработка по прашањето на Сирија. Беше изнесена едногласноста по прашањето на интензивирање на политичкиот процес во Сирија и постигнувањето на неопходното трајно решение во оваа земја.

На средбата беше изнесен јасниот став на Турција по прашањето на терористичката организација ПЈД/ЈПГ и со одлучност беше нагласено дека нема да се дозволи присуство на ниту еден терористички елемент на границата на Турција, а воедно беше повторена и чувствителноста по прашањето на зачувување на територијалниот интегритет на Сирија.

 



Слични вести